За проектот

Фондација Македоника, во соработка и со финансиска поддршка на ЦИВИКА МОБИЛИТАС, го објавува започнувањето на проектот „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“.

Во период од 12 месеци, почнувајќи од 01.06.2017, се очекува голем број млади и неафирмирани автори за прв пат да ги објават своите дела.

  • Можност да учествуваат во проектот имаат сите млади автори од сите етнички заедници во Република Македонија, регионот и дијаспората.
  • Конкурсот трае од 01.06.2017 до 31.05.2018 год.
  • Издавачката комисија на проектот ќе избере по една книга месечно, која ќе биде објавена во бесплатната дигитална библиотека на Фондацијата Македоника
  • Делата од македонски автори ќе бидат објавени на македонски јазик, а делата на јазикот на етничките заедници ќе бидат објавени двојазично, на мајчиниот јазик на авторите и на македонски јазик.
  • Во рамките на дигиталната библиотека ќе биде организиран и социјален форум каде читателите ќе ги коментираат и оценуваат објавените текстови.
  • Најдоброто дело на проектот ќе добие специјална награда – електронски читач (таблет).
  • Жанрот на делата за доставување не е ограничен, т.е. авторите можат да конкурираат со проза, поезија и драма.
  • Авторите можат да конкурираат со едно или повеќе дела.
  • Делото со кое се аплицира на конкурсот треба да биде испратено во word на mail адресата knigi@makedonika.mk, заедно со краток опис на содржината што не треба да надминува 1.000 карактери и кратка биографија на авторот.
  • Кориците за делата ќе бидат изработени од графички дизајнер од Македоника.

Сите заинтересирани автори можат да добијат повеќе информации во просториите на Фондација Македоника на ул. 11 Октомври 33 А Скопје, преку  info@makedonika.mk или на телефон 02 615 2000.

Advertisements